Македонија ја доби рекордно најтешката државна каса до сега. Со ребалансот кој го усвои, Владата планира да потроши 4,37 милијарди евра или за 345 милиони евра повеќе од првичните проекции за годинава. Од граѓаните и стопанството треба да се соберат за 162 милиони евра повеќе пари и вкупните приходи наместо 3,45 да се искачат на 3,6 милијарди евра. Ќе се продлабочи и буџетската дупка. Дефицит наместо 4,9 ќе достигне 6,5 проценти од БДП – ќе порасне за 183 милиони евра и ќе се искачи 751 милион евра за годинава. Ќе се финансира со заеми од дома и во странство. Ќе се задолжиме за нови 300 милиони евра.
Ќе има повеќе пари за ковид мерките, за здравство и за вакцини, за земјоделството, за поддршка на социјалните категории граѓани и за капитални инвестиции. Ќе има пари и за локалните избори, односно фингер читачите. Владата планира годинава да потроши 495 милиони евра, или 120 милиони повеќе од првичните проекции з акапитални проекти. За тековни трансвери се испланирани 240 милиони евра, пред се за економските мерки за справување со последиците од пандемијата. За плати на администрацијата ќе се потрошат 513 милиони евра. Тука се и парите за К- 15 за државната службеници.
И покрај рекордните расходи, Бесими тврди се кратело од непродуктивните трошењеа и од проектите кои не се реализирале. Иако годинава тргна со пад на БДП од 1,9 проценти во првиот квартал, од владата се оптимисти- остануваат на проекцијата дека годинава ќе ја завршиме со раст на БДП од 4,1 процент.
Александра Филиповска