Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Царина да одговори дали проверува квалитет на мазут во тегли со ајвар

Или Царина да одговори дали проверува квалитет на мазут во тегли со ајвар или омилениот бизнисмен на власта Стајиќ чија сестра ги контролира царинарските служби повторно ја манипулира јавноста.

Владата се пофали дека Царината вратила 5 цистерни со мазут, поради повисок процент со вода. Според информациите на медиумите сите 5 цистерни се на фирмата Супертрејд на Владимир Стајиќ, чија сестра е државен секретар во министерството за финансии.

Царина и Стајиќ да не ја лажат јавноста и да излезат со вистината.

Според медиумите фирмата на Стајиќ е и еден од најголемите добавувачи на мазут и горива на државни институции во Македонија. Од десетте најголеми тендери за набавка на мазут во последниве три години, четири ги добила токму „Супертрејд“. Тоа се јавни набавки чија поединечна вредност достигнува и до 200 000 евра, а купувачи се болници и училишта.

Дали Стајиќ ги труел граѓаните и продавал неквалитетен мазут на државните установи, кои плаќање стотици илјади евра? Дали неговите врски со власта се клучни за добувањето на големиот број на тендери?

Колку пари легнувале на сметки на приватни фирми за неквалитетен мазут, и кој ќе понесе одговорност.

Колку неквалитетен мазут е увезен во Македонија и зошто власта го дозволила тоа?

4 години СДСМ, 4 години граѓаните и животната средина страдаа. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе