Македонија Топ вести

Протести на ВМРО-ДПМНЕ сѐ додека владата не покаже за што преговара со Бугарија

Секој ден од од 15 до 17 часот на три локации во Скопје и во 10 други македонски градови, ВМРО-ДПМНЕ ќе протестираат, сѐ додека владата не го покаже „Патоказот„ за кој преговараат со Бугарија. Протестите во главниот град ќе бидат пред републичкото Собрание, пред ТЦ „Мавровка“ и пред зградата на поранешна „Нова Македонија“.  Повикувајќи се на сериозни дипломатски извори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека двоецот Заев-Бучковски преговара со техничката бугарска влада, делови од декларацијата, која беше усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година да станат дел од преговарачката рамка.

Според Мицкоски, има две решенија за Македонија да добие зелено светло за отпочнување преговори за членство во ЕУ. Првото решение, за кое смета дека е најмалку веројатно, е Европскиот совет да донесе одлука без условувања и да извршат притисок врз бугарскиот претседател Румен Радев и техничката влада. Но, за ова да се случи, според проценките, шансите се 5 отсто.

Во второто решение, има две варијанти. Првата е, владата да ги прифати условите кои се дел од бугарската декларација, да бидат дел од преговарачкиот процес во првите пет поглавја, што значи дека директно ќе преговараат за идентитетот, јазикот и за културата, и тоа, според него, ќе бидат преговори без крај.

Втората варијанта е, сите овие барања да бидат прифатени усно со изговор дека Бугарија има техничка влада и дека преговорите за спорот ќе продолжат откако ќе се формира новата влада..Тој за ова го информирал и претседателот Стево Пендаровски, за кој вели дека не ги дели владините ставови. Никој од Владата досега не комуницирал со опозицијата околу преговорите, а доколку не се даде преговарачкиот  документ на увид, ВМРО-ДПМНЕ ќе преземаат и други активности, како институционални блокади.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Изгоре автобус на ЈСП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе