Македонија Топ вести

Недоволно техничка опрема во училиштата и меѓу учениците е предизвик за онлајн наставата

Наставата на далечина во основните и средните училишта во оваа учебна година била подобра, во однос на второто полугодие лани. Вака се изјасниле 99% од наставниците и 100% од учениците, врз основа на одржаните часови по распоред, во однос на 60% од потврдните одговори дадени лани од наставниците и 23%, од учениците. Само 17% од родителите годинава реагирале за пореметен распоредот на часови на учениците, во однос на 57% лани.  Овие податоци се наведени во истражувањето што го спроведоа Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, подржани од организацијата Реактор и УНИЦЕФ. Сепак најголем проблем останува недостатокот на техничка опрема во училиштата и кај учениците.

Техничката опременост на училиштата е најголем проблем при наставата на далечина. Ова го потврдиле 59% од испитаните директори на основните и средните училишта, рекоа од канцеларијата на УНИЦЕФ, презентирајќи ги наодите поврзани со спроведената онлајн настава, од лани до сега.

Штом учениците започнале да доаѓаат во училиште, наголем проблем станува техничката опрема. Оние нагледни сретства –компјутери , кои што училиштата ги имаат на располагање веќе ги доделуваат на наставниците кои што спроведуваат настава на далечина. Голем дел од наставниците користат приватни уреди. Веројатно  тоа е причината за овој наод , бидејќи ова е најголемата тешкотија која директорите ја издвоиле, вели Боре Пуцоски –офицер на образование во УНИЦЕФ-РСМ.

Недостасуваат компјутери и кај учениците.

Мнозинството директори , еве 87% потврдуваат дека во своето училите имаат ученици  кои немаат ниту еден комјутер  и лаптоп. И за повеќето од нив, односно за 58% директорите  успеале да ја обезбедат потребната опрема. Сепак за оние кои не успеале доставиле материјали од страна на училиштето, вели пуцоски.

Учењето на далечина, особено било проблем за децата од ромските семејства  зашто многу од нив ги немаат истите уреди и услови за пристапат до потребната онлајн настава. Податокот кој укажува дека голем број наставници не успеале да стапат во контакт со дел од своите ученици , треба да биде апел , да разгледаме опции за надоместување на евентуалните загуби во знаењето на учениците, рече директорот на Бирото за развој на образованието,Хасипи.

Наставниците најчесто вршеле онлајн настава од дома , за да се грижат за друго лице или заради недоволна техничка опрема или лоша интернет врска во училиштето, а 66% од нив работеле и за викенди. Според Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава ,приоритет за следната учебна година треба да биде повторното отворање на училиштата на безбеден начин, зашто комбинираниот модел дава најдобри резултати.За отворање на училиштата од септември, Министерката Царовска рече дека согласно актуелната епидемиолошка состојба, ќе се решава на состанок со претставници од Комисијата за заштита од заразни болести и од Министерството за здравство.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе