Стар мебел, градежен шут, пластика, 600 тони ѓубре на 17 помли и поголеми диви депонии се исфрелени во близина на Преспанското езеро. Под мотото „Чиста Преспа моја Преспа“, денес на Светскиот ден за заштита на животната средина, општина Ресен најави кампања за чистење на дивите депони, а ќе бидат уредени и еден километар плажи на источното и западното крајбрежје.
-Освен јавното претпријатие „Пролетер“ кое ќе земе учество во оваа кампања, ангажиравме и посебна фирма со механизација околу поголемите депонии, најави градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошaревски.
Во акцијата се вклучени голем број јавни личности кои ќе помогнат за подигање на јавната свест кај населението и туристите.
-Да не фрламе батерии и пластични шишиња во езерото, оти тие нема да се наполнат, ни батериите ни шишињата, затоа се фрлаат во корпа. Кога ќе дојдат туристите и нив ќе ги истренираме да ни ја чуваат природата, Преспа е една и да ја чуваме, порача актерот Владимир Тулев
Од локалната самоуправа највуваат засилени контроли, но и казни за да се спречи ваквото уништување на Преспанското езеро и крајбрежјето.
-Нашите комунални редари и инспекцискиот надзот ќе биде на уште поголемо ниво, а крајното решение е интензивирање на казнената политика, вели Ајман Ал Малла, раководител на секторот за животна средина во Општина Ресен.
Кампањата ќе трае еден месец, а покрај чистење и уредување на плажите, се предвидуваат секојдневни еколошки активности низ целиот Преспански регион.
Емилија Мисирлиевска