Македонија Топ вести

600 тони отпад од 17 депонии се чистат во акцијата „Чиста Преспа – моја Преспа“

Стар мебел,  градежен шут, пластика, 600 тони ѓубре  на 17 помли и поголеми диви депонии се исфрелени  во близина на Преспанското езеро. Под мотото „Чиста Преспа моја Преспа“, денес на Светскиот ден за заштита на животната средина, општина Ресен најави кампања за чистење на дивите депони, а ќе бидат уредени и еден километар плажи на источното и западното крајбрежје.

-Освен јавното претпријатие „Пролетер“ кое ќе земе учество во оваа кампања, ангажиравме и посебна фирма со механизација околу поголемите депонии, најави градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошaревски.

Во акцијата се вклучени голем број јавни личности кои ќе помогнат за подигање на јавната свест кај населението и туристите.

-Да не фрламе батерии и пластични шишиња во езерото, оти тие нема да се наполнат, ни батериите ни шишињата, затоа се фрлаат во корпа. Кога ќе дојдат туристите и нив ќе ги истренираме да ни ја чуваат природата, Преспа е една и да ја чуваме, порача актерот Владимир Тулев

Од локалната самоуправа највуваат  засилени контроли, но и казни за да се спречи ваквото уништување на Преспанското езеро и крајбрежјето.

-Нашите комунални редари и инспекцискиот надзот ќе биде на уште поголемо ниво, а крајното решение е интензивирање на казнената политика, вели Ајман Ал Малла, раководител на секторот за животна средина во Општина Ресен.

Кампањата ќе трае еден месец, а покрај чистење  и уредување на плажите, се предвидуваат секојдневни еколошки активности низ целиот Преспански регион. 

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе