Македонија

Жителите на истокот кон Европската унија патуваат по опасен пат

Жителите на истокот кон Европската унија патуваат низ прашина, одрони и свиоци. Магистралниот пат од Кочани до Делчево, а кој води до македонско бугарскиот граничен премин Делчево Станке Лисичков е опасен за сите учесници во сообраќајот, по него  секојднево транзитираат камиони со стока која се увезува или извезва. Но по него поминува и итната медицинска помош. Жителите на Македонска Каменица и Делчево со години бараат да се реши проблемот со одроните, кои можат и со месеци да им го затворат патот.

Ова свлечиште стои од лани и се уште е активно. Првиот човек на претпријатието за државни патишта вели дека се уште бараат трајно решение за овој проблем.

Пред три години оваа делница беше санирана со три милиони евра, а за трајно решавање на проблемите со свлечиштата и одроните според калкулациите на експертите се потребни речиси осум милиони евра. За жителите на Делчево најдобро и најбезедно ќе биде да се изгради нов пат преку Калиманско поле, кој го користиле и пред половина век.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

По половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе