Вести Македонија Најважни

Најдени мазут и горива со пепел и вода, опасни за околината-владата не ги открива фирмите кои згрешиле туку ќе се чека конечен извештај

Повеќе примероци од мазут дојден во цистерна на царина или пак складиран како залиха биле несоодветни на правилниците за течни горива, откриено е во меѓуресорската истрага на 4 институции (царината, министерството за економија и на пазарниот и инспекторатот за животна средина).

Но, конечен извештај не е изготвен туку е даден дополнителен рок од уште една седмица за да се направат два извештаи, како што вели Заев, разбирливи и за јавноста. Еден извештај ќе биде на царината, а вториот на инспекторатите.

Истрагата ќе се прошири и надвор од државата каде ќе се бараат оригинални декларации за увезените течни деривати и масла од кои досега е докажано дека имаат пепел кој може да крие тешки метали, а имало и примероци со зголемено ниво на вода со седименти која при горење ослободува нечистотија што го загадува воздухот

-Не се најдени наоди за сулфур поголем од дозволениот еден процент, но се најдени наводи за повеќе количина на вода од дозволената во мазутот. Најдено е дополнително прашина или не знам тој дел што е недозволив во делот на мазутот, најдени се несоодветни залихи коишто се пропишани по Законот и по Правилникот од Министерството за економија и соодветно на тоа самите инспекторати издаваат решенија, а секако и ги препраќаат до други институции како што е РКЕ надлежна да ги контролира неопходните залихи, одговори Зоран Заев, претседател на владата.

-Владата, по дискусијата даде и дополнителни задачи, како што се, да се направи компаративна анализа на тоа што е излезено од земјите, токму преку овие компании-увознички и тоа што е влезено во државата. Така да ако е влезено мазут кај нас, дали од тие држави е извезено исто така мазут, дали е масло, или производ по некои други тарифи и слично. Да се утврди токму тоа, за да не се случи манипулација да се извезува од одредени земји, определен производ, по конкретна тарифа, а по пат се сменат царински декларации и документи и да се стави дека се увезува мазут, дополни Заев.

Според информациите кои беа објавени во КОД, во досегашната истрага утврдени се пропусти кај три фирма, првата е РКМ на Ратко Капушевски која увезувала течни отпадни горива, а и во јануари и биле вратени три цистерни поради неквалитетен мазут. Пропусти во тековната истрага, според објавените информации во емисијата, се откриени и во кичевската Евро-тим и Супер трејд од Скопје.

Сите податоци ќе бидат содржани во извештаите кои треба да бидат објавени наредната недела до кога треба да се проверат сите увозници, сите продавачи и сите што користат течни горива. Вицепремиерот Фатмир Битиќи пак при посета на Кочани нагласи дека секој кој што загадувал и труел со неквалитетни производи ќе одговара согласно законот.

Покрај продлабочената истрага, државата ќе почне да вложува и во државните лаборатории кои се како сито низ кои минува увозот на горивата. Например, царината има лабораторија која проверува само сулфур во мазут, иако треба да се мерат вкупно 10 параметри од кои седум имаат гранична вредност, а такви параметри се пепелот и водата кои сега, за некои примероци, е докажано дека ги надминуваат вредностите безбедни за луѓето и околината.

Бирото за метрологија преку која може да контролира пазарниот инспекторат не проверува мазут туку само бензини и дизел, а централната лабораторија на министерството за екологија пак е акредитирана пред три месеци и тоа само за вода и бучава, додека сега е набавен и во постапка за акредитација- апарат за мерење на загадување и штетни емисии во воздухот.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со ЕУ

Дејан Дејан

Фајненс тинк: Амбициозен е проектираниот раст на даночните приходи

Дејан Дејан

Со мотор удрил во 72-годишен пешак кој починал на лице место – уапсен 22-годишниот возач

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе