Вести Македонија

Во акцијата „Транспортер“ на МВР паднаа шестмина шверцери на мигранти

Влегувале крај Гевгелија, Струмица и Демир Капија преку илегални премини.  Патувале илјадници километри од Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Сирија. Во Македонија нивниот краток и невидлив престој ги чинел од 500 до 700 евра. Дражавата ги нарекува мигранти, а полицијата жртви кои се вплеткале во шверцерска мрежа на мигранти. Организирал 33 годишен велешанец, помагале две лица од блискиот исток, а бандата имала и „Качаци“.

Македонија е само транзитна земја. Мигрантите биле превезувани до пред портите на европската унија. Стотици лица – илајдници евра црни пари во џебовите на шверцерите.

Меѓу уапсените засега нема полицајци. Според изворите од истрагата кај криумчарите е пронајдена и дрога. МВР уапси 6- мина, 4 од бандата веќе се во затвор ,а по тројца се уште се трага.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фајненс тинк: Амбициозен е проектираниот раст на даночните приходи

Дејан Дејан

Со мотор удрил во 72-годишен пешак кој починал на лице место – уапсен 22-годишниот возач

Дејан Дејан

Изгореа три автобуси и комбе, за среќа без повредени – пожар крај бензинска пумпа во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе