Вести Македонија Најважни

Ако успее дијалогот со Бугарија, меѓувладина конференција со ЕУ на 23-ти јуни

Наредните денови се клучни за стартот на преговорите меѓу Македонија и Европската унија. Премиерот Заев верува дека, доколку дијалогот со Бугарија биде успешен, меѓувладината конференција може да се одржи уште на 23 јуни, или, да ги подобри изгледите тоа да се случи во август или во септември.

Заев е подготвен да моли за решение во Софија, но не е подготвен да го жртвува македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Очекува покана од колегата Стефан Јанев и придржување до европските манири. Португалскиот предлог го смета за добра основа.

Прашањето за проширување на Унијата беше отворено и во Софија, при посетата на португалскиот претседател Марсело де Соуза. Неговиот домаќин, Румен Радев, му соопшти дека може да помогне да се најде конструктивен пристап и дека е најважно да се врати дијалогот меѓу Софија и Скопје на сите нивоа, но и дека има потреба од гаранции.

Овој пристап мора да се заснова на почитување на ставовите и проблемите на земјите како и на нивните позиции.Со ваков пристап, гледам отварање перспектива за интензивно продолжување на дијалогот, за развој на релевантни патокази, документи на сите структурни нивоа, што ќе даде соодветни гаранции за нас, особено за да бидеме убедени дека процесот на проширување ќе биде ефикасен, стабилен и неповратен.

Португалскиот претседател де Соуза истакнал дека се восхитува на напорите за воспоставување дијалог, иако знае дека „Историјата е чувствително прашање на Балканот. Пред десетина дена, португалското претседателство со ЕУ ги посети двете земји и им испорача можно решение, кое би ги отстранило пречките за почнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кос: Имате шанса што морате да ја искористите, нема да трае секогаш

Дејан Дејан

Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со ЕУ

Дејан Дејан

Фајнанс тинк: Амбициозен е проектираниот раст на даночните приходи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе