Големината и човечноста на семејството Василковски не се опишува едногласни се докторите кои учествуваа во трансплантацијата на органите од 40 годишната, Јасмина. Жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи била мајка на десет месечно девојче кое долго го очекувала. Нејзини блиски преку социјалните мрежи се простуваат после мозочниот удар која не успеала да го преживее.
Вчера престана да чука во твоите гради твоето големо срце, но денес зачука во градите на друга личност. Ти замина а и подари живот на една млада личност. Горди сме што те имавме, вечно ќе живееш во нашите срца. Ти ни го остави најголемиот подарок, ќе ја чувме како зеница во окото , а кога ќе порасне ќе и раскажуваме за тебе и твоето големо срце.
Утрово Министерот Венко Филипче се сретна со семејството на Јасмина Василковска. Вели дека се скромни луѓе, и им вети поддршка и дека секогаш ќе биде овде кога ќе треба да им се помогне. Од друга страна жената, 39 годишната Емилија кај која е трансплантирано срцето е во стабилна состојба, вели Филипче и покрај првата кризна вечер.
Ова е трет случај на трансплантација на срце во земјава која е изведена на државната кардиохирургија на чело со доктор Сашко Јовев, а помогната и од приватната клиника Жан Митрев. Претходно донори беа Емилија Динева и Верица Белчовска и двете трагично загинати во сообраќајни незгоди. Освен срцето беа донирани и бубрези и коскена срж преку националното координативно тело за трансплантација со кое раководи докторката Маја Мојсова Мијовска.
Билјана Николовска