Вести Свет Топ вести

Седум ЕУ земји почнаа да го издаваат „зелениот ковид пасош“

Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Грција, Хрватска и Полска, почнаа да го издаваат дигиталниот зелен пасош – оној кој е целосно вакциниран од ковид, го прележал вирусот или е негативен во моментот ќе може слободно да патува и да ги минува граничните премини. Граѓаните кои примиле една доза вакцина ќе можат да добијат сертификат, но тоа не значи дека ќе можат да влезат во сите земји на ЕУ, бидејќи во повеќето е дозволен влез со две дози. Во обид да ја спаси оваа туристичка сезона, ЕУ одлучи сепак да го прифати првичниот предлог на Грција и да го воведе зелениот пасош, кој официјално ќе почне да важи од 1 јули.

Ова е голем успех пред времето, кој ни дава причина да веруваме дека системот ќе биде подготвен и ќе функционира до 1 јули, кога регулативата за сертификатот ќе влезе во апликацијата, изјави ЈОХАНЕС БАРКЕ, ПОРТПАРОЛ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ПРИ ЕК

Како се намалува силината на вирусот, така и земјите ќе се ставаат во зелената листа. Вработените на аеродромите се надеваат дека овој сертификат ќе помогне да се зголемат патувањата.

Во текот на летото се надеваме дека на списокот ќе бидат ставени повеќе „зелени земји“, и ќе видиме дека се расте бројот. До крајот на годината, очекуваме да раст на патниците за 60% од она што се случуваше пред пандемијата, смета СТЈУАРТ ВИНГЕЈТ, ДИРЕКТОР АЕРОДОРОМ ГЕТВИК, ЛОНДОН 

Секоја ЕУ земја сама одредува како ќе изгледа зелениот пасош. Но, на национално ниво истиот ќе биде еден вид билет за да влезете во ресторан, да посетувате музеи, хотели, театри, кина, базени..

Медитеранските земји полека ги олабавуваат ковид мерките. Италијаните денеска по 4 месеци ги отворија кафулињата. Не престанаа нарачките за еспресо и капучино.

Ова е еден од знаците дека повторно почнуваме. Едно кафе ни го дава чувството дека живееме спокојно повторно, сите Италијани.

Сепак, вакцинацијата во Европа оди со бавно темпо. Па прашање е дали „зелениот пасош“ навистина ќе го зголеми бројот на туристи. Ако патникот има само негативен ПЦР тест, спорно ќе биде неговото влегување во затворените објекти. Шансите да останете само во хотелскиот комплекс се големи, но со оглед на претходно очајната туристичка сезона, агенциите се согласни да нудат вакви аранжмани. А неодамнешниот експеримент на холандската влада покажа дека и на турситите не им пречи. Изморени од пандемијата, подготвени се на се , само на кратко да ја сменат околината.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе