Нема законска пречка, ниту прекршување за изградбата на мала хидроцентрала над кочанската брана Гратче, ова го утврди обвинителство, кое отвори истрага по реакција на граѓаните и невладиниот сектор. Градоначалникот на Општина Штип, Николчо Илијев вели дека локалната власт и Советот на општината и граѓаните се противат на изградбата и доколку ниту едно Минстерство или инспекторат не најде пропусти и не ги повлече дозволите дадени на инвеститорот тогаш ќе мора да се гради на Мала река.
„Ние како Локална самоуправа немаме друга можност. Ако инвеститорот побара ние ќе мора да му издадеме градежна дозвола и тој ќе нема пречка да гради“ вели, Николчо Илијев, градоначалник на Кочани
Во меѓувреме невладината „Грин орг“ од Кочани најавува дека подготвуваат документација за референдум против изградбата на малата хидроцентрала. Граѓаните и екологистите алармираат дека малите хидроцентрали значат уништување на животната средин, а профит носат само на инвеститорот.
Викторија Јованова