Охридскиот градоначалник Константин Георгиевски ги извади багерите на Охридското крајбрежје руши дивоградби, но не е оптимист дека УНЕСКО ќе го промени заклучокот во наредните три дена и Охридскиот регион ќе спаси од препорака за ставање на листата на „Светско наследство во опасност“. Псоледниот сигнал на рактивната мониторниг група при УНЕСКО од јануари минатата година испорача извештај во кој наведе бавна реакција на надлежните иако охридскиот градоначалник тврди дека за овие 6 месеци општината направила најмногу досега.
Багерите расчистуваат времени објекти, тераси, уриваат диви приклучоци за феканлна канализација, а Герогеивски ги води напред од Лагадин преку Елешец па се до централното градско подрачје. Освен што граделе со истечена дозвола – охридските угоститле заработувале и милиони од кафулиањата крај и над езерето.
Ангажманот на општината запознаените невладини го коментираат како задоцнета реакција повикувајќи се на извештајот на УНЕСКО кој освен што предупреди даде и рокови. Па наместо мораториум за градба веднаш во 2017-та,одлуката стаса во 2019-та. УНЕСКО е одново толерира, но бара брзи реакции, веалт од ОХРИД SOS.
Алармот од УНЕСКО е вклучен веќе четири години, период во кои локлната и централната власт најавуваа уривање ,а граѓаните одново беа сведоци на нови градби и доградби крај езерето и во заштитениот појас. Остана и марината која требаше да се дислоцира од Студенчишко блато според препоркаите на УНЕСКО, а дека Охридскиот регион и борбата со нелегаланите градби и урбанзиацијата тапка во место говори и ставот, пак, на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко дека во струшко нема дивоградби иако во Охрид беа констатирани околу 20, илајди цврсти и времени објекти градени вон законите.
Павле Беловски