Македонија Топ вести

СКСМ: Одлив на 50 до 80 проценти од кадарот во туристичко-угостителскиот сектор

На почеток на туристичката сезона туристичко-угостителскиот сектор со нови проблеми. Нема келнери, рецепционери, готвачи, помошници.

Пандемијата испразнила 50 до 80 проценти од работниците кај нив.

Поради неизвесноста тие смениле професија во гипсари, монтери, возачи – преминале во секторите  транспорт и градежништво.

Ударот бил најголем врз хотелите во градските средини. Сега сезоната ќе се спасува со брзи преквалификации на кадар преку Стопанската комора.

 “Поради кризата хотелите пред се во градските средини, тука најмногу мислам на Скопје, но и од одредени други градови во државата кои не се класични туристички центри беа целосно затворени. Падот на прометот во овие компании беше над 85 проценти. Дополнителен проблем е што во овие угостителски објекти, поточно хотелите, поради големиот број работници што си заминаа не можеа да го остварат ниту правото на поддршка на плати за последните три месеци од 2020 година” – вели Ана Таневска Ѓорѓиевска од здружението на угостителство и туризам при СКСМ.

Од Комората велат потребна е поддршка од Владата, не за да се заработи, туку за да не пропаднат компаниите. Таа пак од петтиот пакет, се уште не е реализирана.

Владата пак ги олабави мерките, ќе дозволи и организирање на свадби на летните тераси до максимум 100 гости или 50 проценти од капацитетот.

Ќе може да има и музика. А во кафеаните ќе може да седат по 6 лица на маса. Но и комората ги чека  деталите од протоколите од Комисијата за заразни болести.

 “Не бевме вклучени директно во изработката на протоколите. Тоа е оставено на Комисијата за заразни болести. Такви какви што ќе бидат се надеваме дека  ќе поттикнат и овој дел од активностите во угоститетлските објекти да почнат да функционираат и сепак да се реализира промет и по тој основ” – тврди Даниела Михајловска Василевска од СКСМ.

Од Комората се надеваат дека нема да биде изгубена и оваа туристичка сезона.

Нивните анализи уште за  време на пандемијата покажаа дека туризмот ќе доживее целосне крах, ќе се изгубат до 20.000 работнми места, а прометот ќе падне за над 85 проценти – прогнози кои се остварија.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе