Вести Економија Топ вести

Бектеши: Анализите од мазутот во вторник, стартуваат вонредни инспикциски надзори и на течните горива

Инспекциските контроли околу увозот на опасен мазут се речиси завршени и резултатите ќе бидат објавени во вторник, а од денеска Државниот пазарен инспекторат, кој е орган во рамки на Министерството за економија, започнува со засилени вонредни контроли и на течните деривати со користење на мобилната лабораторија и тоа при влезот во државата и во внатрешниот пазар, односно малопродажбата, изјави денеска на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

-Заедно со Пазарниот инспекторат во наредниот период ќе започнеме со засилени контроли на терен за квалитет на сите видови нафтени деривати во државната мобилна лабораторија. Одлучни сме преку засилени контроли да избегнеме можни манипулации со квалитетот на горивата кои што се користат во нашата земја. На тој начин не само што ќе се заштитат потрошувачите од манупиулации со квалитет на горивата, туку ќе се заштити и животната средина. Како што најавивме, во моментот заедно со вицепремиерот Николовски ги собираме сите информации за дистрибуција на сомнителен мазут. Крајниот рок кој им го дадовме на институциите е следниот вторник кога очекуваме дека ќе ги имаме сите информации за евентуалните злоупотреби на увоз на опасен мазут во нашата земја. Доколку не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати, документите ќе им ги предадеме на Јавното обвинителкство, рече Бектеши.

Тој нагласи дека сите институции почнувајќи од Царинската управа, ДПИ, МЕ, Инспекторатот за животна средина имаат обврска во роковите предвидени да ги достават сите информации до Владата. Во Министерството за економија, пак, нагласи согласно новиот Закон за енергетика, нашиот правилник за квалитет на горивата е целосно усогласен со директивите на ЕУ. Тоа е потврдено и од енергетската заедница, каде што освен квалитет на сулфурот, како карактеристика треба да се анализираат и други параметри согласно македонскиот стандард (МКС Х430).

-Сакам да ги информирам граѓаните и да ги повикам сите инстутуции дека Владата, МЕ и сите институции нема да имаат компормис кога е во прашање здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина во нашата држава, рече Бектеши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе