Вести Економија Топ вести

Пандемијата ја загрози егзитенцијата на 30 илјади семејства – жените земјоделки најпогодени

Цената е на лешниците е висока, но пласамнот е неизвесен. Колку пари ќе се слее во домашниот буџет носителката на земјоделско стопанство Живка Ѓурческа ќе знае наесен. До тогаш таа продолжува да ги бие битките на жените земјоделки,  на оние кои решиле да ги победат родовите предрасуди и да застанат на чело на земјоделско стопанство. Секој 4 –ти земјоделец е жена. Ако до сега малку се зборуваше за нивните проблеми, пандемијата дополнително ја влоши состојбата со жените земјоделки во земјата.

Мора да се работи многу за да се заработи малку. Освен што немаат доволно земја на свое име, земјоделките мораат  да обработуваат огромни површини.

Во земјодолството има заработувачка но нема доволна институционална грижа и мерки за унапрадување на земјоделието. Истражувачите од „Рурална коалиција“ дошле до заклучок дека жените земјоделки не слушнале како може да се вклучат во работата на локалните и национални институции поврзани со земјоделие, но и никогаш не аплицирале ниту знаеле за проекти финанасирани за родово-одговорното буџетирање во локалната заедница.

Жената земјоделка може да успее во овој сектор но само доколку се зголеми примената на концептот на родово-одговорно буџетирање од страна на надлежното министерство, редовно да се изработуваат и објавуваат извештаите за еднакви можности на жените и мажите во секторот земјоделство и рурален развој, но најважно од се да се зголеми бројот на мерки кои што ќе бидат насочени кон економското јакнење на жените од руралните средини со олеснети критериуми и намален бројна документи кои што ќе се бараат во самите апликации се главните заклучоци на невладината „Рурален развој“  коај ги истражувала проблемите на жените земјоделки.

Павле Беловски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе