Вести Македонија Најважни

Владата го повлече законот за легализација, експертите ќе бидат вклучени во изработка на нов

Владата попушти под притисокот на експертите и јавноста и бројните укажувања за недоследности недоречености и на денешната седница го повлече Законот за легализација кој беше изгласан во Собранието но не и потпишан од претседателот Пендаровски.

Премниерот Заев остана на ставот дека Законот каков што беше имаше социјална намена за ранливите категории на граѓани и легализација на државната инфраструктура и споменици на култура. Во новиот предлог закон стриктно ќе биде забранета легализација на објекти во националните паркови и заштитени подрачја. Легализација на обејктите од проектот „Скопје 2014“ нема да има.

Министерот Бочварски најави дека новиот закон ќе биде порестриктивен и прифатлив за граѓаните и експертите. Сепак тој не е убеден дека локалната власт ќе може да изготви регистри на ранливите категории на граѓани и на дивоградби.

Експертската јавност очекува да се изготви сосема нов прилагодлив закон кој ќе се грижи за јавниот интерес. Јавниот простор мора да биде приоритет во новиот закон бидејќи не смее да се уништи и мора да има систематизација и инвентаризација на дивоградбите  пред воопшто да се почне со изготвувањето на новиот закон. Легализација во заштитените зони и националните паркови не смее да има а казната која барателот на легализацијата ќе треба да ја плати не може и не смее да биде за 50 отсто повисока бидејќи не станува збор за објекти со иста вредност.

Претставници на Асоцијацијата на архитекти добиле повик од министерството за транспорт и врски да учествува во креирањето на новиот закон за легализација но и на Законто за градење.

Аргументирани забелешки за законот имаше многу. Пред се дека се легализира криминал како од урбаната мафија така и од општинските и државните институции кои не постапувале и толерирале изградба на дивоградби. Дупките во предложениот закон предвидуваа легализација на хациенди и викендички во национални паркови, куќи вредни стотици илјади евра како и можноста едно лице да поднесе барање за легализација на неколку објекти што беше дијаметрално спротивно со тезите на Владата дека е социјален закон неменет пред се за ранливите категории на граѓани и решавањето на нивниот проблем со домувањето.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западен Балкан како под вршник, Пиринеите и Англија со најтоплиот јуни досега

Дејан Дејан

Сè уште е на интензивна нега, но состојбата ѝ се подобрува – ФЗО за една од критично повредените пациентки од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе