Како бизнисмен не би купил нешто скапо што нема да го користи, но софтверот на Рашковски, за премиерот не е непотребна инвестиција. Вели дека, е апсолутно нешто што е потребно за државата и со одлука на Влада, можат да го наметнат на која било институција.
Тоа што со денови покажува отворена недоверба во Обвинителството за организиран криминал и Вилма Русковска за случајот Рашковски, за Заев не е притисок врз правосудството, туку слобода на говор.
Заев денеска откри и дека, со опозицијата се разговара за неколку нови изборни модели. Мнозинскиот модел, кој го бара опозицијата, за него е уназадување. СДСм се за една изборна единица, а ДУИ првин предложиле три, па потоа осум изборни единици. За локалните избори, од опозицијата предложиле и еден круг за избор на градоначалник, со цензус од 30 отсто од вкупнот број гласачи. Мнозинството, пак, предлага отворени листи. Премиерот се надева дека до изборните рокови ќе се постигне барем делумен консензус за дел од овие прашања.
Далиборка Демјанска