Најмногу пет проценти би изнесувало покачувањето на сметките за струја доколку регулаторната комисија ги прифати во целост барањата на МЕПОС, МЕМО и електродистрибуција со новите трошоци кои ги испорачале до регулаторот. Претседателот на регулаторна Марко Бислимовски нема да прифати трошоци за градби на хотели и реконструкции на одмаралишта од МЕПСО тук усамо оправдани-оперативни трошоци. Одлуката ќе следи по анализата наредната недела, но конечнато поскапување на струјата ќе се знае по завршување на тендерот во јуни за набавка на струја за регулираниот пазар преку ЕСМ.
Нов ценовен шок или „оправдано“ поскапување на струјата ? Одговорот ќе го дадат анализите на регулаторната комисија за енергетика која цела недела ќе пресметува и ќе одлучи што е оправдан торошок а што не во барањата на компаниите за пренос и дистрибуција до регулаторната. Засега МЕПСО побарале 143 проценти поскапување на цената на услугата, и кон нив би се слеал најголем дел од парите од покачените смеките. Незначители 45 % пријавиле МЕМО, а електродистрибуција 0.95 отсто како компании учесници во регулирниот дел на пазарот. Ако регулаторна ги прифати овие барања граѓаните за 1000 денари сметки би плаќале дополнителни 50 денари. Претседателот на регулаторна Марко Бислимовски вели дека нема да прифати трошоци за одмаралишта и ски-центри односно ништо што не не е поврзано со основана дејност на компаниите.
„Доставиле трошоци за материјали, енергија, бруто-плати, вонредни трошоци, амортизација, профит, трошок за загуби на електрична енергија во преносната и дистрибутивната мрежа и за пренесени трошоци за законски обврски на кои не може да влијае претпријатието. Во наредниот период ќе видиме што признаваме, а што не. Ќе ги анализираме и сите нивни основни средства кои ги имаат доставено и доколку за некои сметаме дека се прескапо набавени или дека нема потреба од такво основно средство ќе ги одбиеме и нема да ги признаеме во цената“, потенцира Бислимоски.
Сепак конечнотото поскапување на струјата кон фирмите и граѓаните ќе зависи од цената што ќе ја постигне Универзалниот снабдувач ЕВН хоум на тендерот за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар што треба да го објави во јуни. Оваа година ЕСМ преку тој тенедер снабдувала 70 проценти од вкупната струјата со што влијае со над 40 проценти во сметките за струја. ОСтнатите 30 процнети ЕВН хоум смее да ги докупи на слбодниот пазар. Дополнително поскапување од 1 август е невозможно да се превенира иу зависи од договорот меѓу ЕВН хоум и ЕСМ, бидејќи РКЕ не влијае во тој дел. Граѓаните според Бислимовски со 4,81 денар за киловат час плаќаат поскапа струја само од Косово, слична цена со Србија, а поевтина од Босна, Албанија, Хрватска и Бугарија. Идеите за намалувањето на ддв-то од 18 на 5 проценти државата би ја чинело над 25 милиони евра годишно.
Павле Беловски