Македонија Топ вести

Уредно е поднесена иницијативата за референдум за отфрлање на законот за учебници

Матичните собраниски комисии едногласно ја оценија како уредна  граѓанската иницијатива ,, Учебници и настава мора да има,, за распишување референдум на државно ниво со кој се бара повлекување на законот за учебници. На потег е собранискиот спикер Талат Џафери. Пратениците од опозицијата побараа од министерката Царовска да се откаже од законот и преку јавна расправа и широка дебата да се изготви квалитетно законско решение.

Собраниските комисии ќе му го испратат извештајот на претседателот на Собранието Талат Џафери. Граѓанската иницијатива ,,Учебници и настава мора да има,, го помина првиот филтер.

Референдумот е предложен со 100 потписи, а иницијативата дополнително треба да се потврди со 10 000 потписи по што надлежните органи треба да распишат референдум.

Предлагачот Драгана Спасевска упати апел до Министерката за образование Мила Царовска да го повлече предлог законот за учебници и да се откаже од нивна дигитализација.

Опозицијата бара преку јавна расправа и дебата да се изготви ново законско решение.

Според Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, од учебната 2021/2022 година ќе бидат воведени дигитални учебници, најпрво во четврто одделение, а во наредните години и во погорните одделенија, како и во средното образование.  Учениците до трето одделение ќе продолжат да учат од печатени учебници.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеполасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе