Вести Македонија Топ вести

Пендаровски е гласникот кој ги носи последните вести од Бугарија

Македонскиот претседател Стево Пендаровски треба да ги донесе последните вести дали е променето расположението на Бугарија кон земјава. Додека се чека шефот на државата како гласник да ги донесе последните информации за бугарските позиции за португалскиот предлог, премиерот Зоран Заев со порака дека решението на прашањето е билатерално.

„Секојпат ни се добредојдени пријатели кои што сакаат да помогнат, но дефинитивно ова е билатералн спор и ние билатерлано да го решиме. Вчера имав  разговор со бугарскиот премиер кој што беше многу пријатен. Договоривме некои следни чекори, верувам ќе бидат потврдени од нивна страна секако согласно вестите кои што ќе ни ги донесат соодветно двајцата претседатели кои денеска с евраќаат од Ватикан за дакажат и детали од самите разговори“, рече Заев.

Но и покрај тоа Заев побара од Европа да се раздолжи кон Македонија.

„Европа е кабаетлија и ни должи, ни должи многу. Европа е и Бугарија и Грција и сите други земји членки на ЕУ. 16,5 години направивме како чекаме пред вратите на ЕУ“, рече Заев.

И шефот на дипломатијата Бујар Османи  со став дека решението со Бугарија лежи во обнована доверба и рестартиран дијалог, но посредно потврди дека сепак за билатералното решавање е ангажирана европска машинерија, велејќи дека на повеќе ниво се разговара за португалскот предлог кој ги зел во предвид интересите не само на Македонија и на Бугарија туку и на европските земји кои не прифаќаат билатерализација на пристапниот процес.

„Португалското решение иако одеше по црвените линии во ниту еден момент не ги премина тие одредени позиции на трите стани во случајот за да може да биде отфрлен како решение“, е ставот на Османи.

Османи останува оптимист дека не постои пречка техничката влада во Бугарија да даде зелено светло за старт на преговорите со Македонија.

„Не можам да потврдам дали постои подготвеност од техничката влада да донесе една таква одлука, меѓутоа ниту можам да отфрлам дека во техничката влада не постои подготвеност за носење на една таква одлука“, изјави Османи.

И додека се затоплуваат релациите меѓу Скопје и Софија со заеднички чествувања, пријатни телефонски разговори и меѓусебен конструктивен пристап, се тоа потпомогнато од европската дипломатија, само нешто повеќе од две недели ја делат земјава од конечната одлука дали овој јуни ќе ќе ги почне или не пристапните преговори.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе