Законот за легализација на дивоградбите пред се наменет за легализација на државната и општинска инфраструктура а потоа и индивидуалните домови, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и претседател на ЗЕЛС.
За прв пат во законот се предвидени казни, а со 50 отсо повисоки комуналии би требало да се демотивираат граѓаните да градат дивоградби.
Проблемот со заштитените подрачја како марка е комплексен и мора да се реши и таму не смее да се гради.
Станбени згради никогаш нема да бидат легализирани исто како и трговски објекти нагласи Шилегов.
Владата отвори дебата за утврдување насоки во врска со предлог-законот за легализација на дивоградбите, кој што по ветото на претседателот Пендаровски е вратен во собранието.
Вкупната бројка на дивоградби е околу 70 илјади за кои надлежните тврдат дека се претежно индивидуални домови.