Вести Македонија Топ вести

Избрзана е одлуката за протерување на рускиот дипломат сметаат аналитичарите

Избрзана е одлука за протерување на руски дипломат од земјава. Вака познавачите на руската надворшена политика и нејзините релации со Македонија ја толкуваат одлуката на прогласување на руски дипломат за персона нон-грата. Дилемата им ја создава моментот на протерувањето, откако истото се случи во неколку други земји Естонија, Литванија, Латвија, Полска откако чешката влада, го побара тоа како знак на солидарност со неа по експлозијата во магацин за оружје во Врбетија, за што таа ја обиви Русија и протера 18 руски дипломати.

„Јас не можам да не верувам на образложението на претседателот Пендаровски за причините за протерувањето на рускиот дипломат, меѓутоа мене ми е сомнителен поводот. Јас претпоставувам дека поводот е изразување на солидарност со Чешка. Мислам дека одлуката е избрзана ако е поводот Чешка“, смета Мирче Адамчевски, аналитичар на руската надворешна политика.

Дека одлуката е избрзана за Адамчевски ја засилува и молкот од институциите околу тоа која недипломатската активност ја направил рускиот дипломат и дали било толку ургентно протерувањето или можело да се почека.

Инаку за споредба, Чешка јасно кажа зошто ги протерува руските дипломати иако на потегот се спротивстаи чешкиот претседател, Бугарија која во март протера двајца руски дипломати соопшти дека е тоа поради шпионажа, а иста причина наведе и Италија кога во март протера двајца руски дипломати.

За македонското протерување не се исклучува можноста како мотив да стои возвраќање на поддршката која Чешка ја даде на земјава со отворено застанување на македонска страна наспроти бугарските барања и вето во ЕУ. За Адамчевски тоа не е непознато во дипломатијата и политиката.

„Дека еве им даваме поддршка на Чесите за нивната поддршка за нашиот, да го наречам, конфликт со Бугарија. Но тие што ги носат тие одлуки треба да ценат за последиците“, вели Адамчевски.

А последиците ќе бидат очекувани, протерување на наш дипломат од Москва, како што веќе најави Русија. Со тоа мисијата на Македонија во Москва, буквално ќе биде преполовена што ќе и создаде проблем во работењето.

„Таму имаме човек кој што ја врши работата на вршител на должност и имаме конзуларен работник, според мои информации. И сега, ако Русите го протераат конзуларниот работник, конзулските работи дипломатот не знам дали ќе може да ги врши. Ако го избркаат дипломатот кој е в.д., конзулот не ќе може да ги врши дипломатсите работи и ќе се создаде голем проблем. Значи затоа реков, треба да се води сметка кога се преземаат вакви чекори за последиците што ќе настанат“, е ставот на Адамчевски.

Адамчевски не очекува политички реперкусии од Русија кон земјава, со оглед дека во категоризацијата на земји од стратешко значење за Москва, Македонија, вели, спаѓа во трета категорија. Според него Македнија може одговорот од Моска повеќе да го почуствува на економски план.

Она што досега се знае за рускиот дипломат е дека во амбасадата во Скопје дошол од Белград, но се уште не се знае дали ја напуштил земјава.

Ова ќе биде втор руски дипломат протеран од земјава во три години, откако во 2018 беше протеран руски ипломат во знак на солидарност со Велика Британија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе