Ковид19 Македонија Топ вести

Шестмина министри денес се вакцинираа – апелираат за уште помасовно пријавување

Шестмина министри денес наредени пред главниот вакцинален пункт. Дојдоа на ред за да примат вакцина. Се вакцинираа со „Фајзер“, за разлика од дел од нивните колеги од Владата кои веќе се имунизирани со кинеската „Синофарм“.

Но, не се сметаат себеси за привилегирани и тврдат дека ниту прашувале која вакцина ќе им биде аплицирана. Најпрво беа боцнати, а потоа ја искористија приликата пред новинарските екипи да упатат апел до граѓаните едноставно да се пријават и да се вакцинираат.

Некои од министрите зброуваа и за својата лична борба со вирусот и како вакцината ќе придонесе се поретко да има такви случаи.

Пред да се вакцинираат министрите повеќе од половина час почекаа заедно во редицата со луѓето кои исто така имаа термин за денес. СМС пораки со податоци во колку часот да се јават на кој пункт, на пријавените им стигнуваат секојдневно, а паралелно расте и бројот на пристигнати пријави на vakcinacija.mk.

Сега официјалните бројки велат повеќе од 367 илјади пријавени за вакцинација. 207 илјади дози вакцини се аплицирани според досгашниот пресек на здравствените власти, а 31 илјади граѓани веќе го комплетирале вакциналниот процес со примени две дози.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе