Уставната можност на претседателот, Стево Пендаровски да не го потпише Законот за легализација на дивоградби е шанса за дискусии со јавноста, експертите и пратениците.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој го наследи законот и сега мора да го брани призна дека не е идеален, во него има слабости, но смета дека во него и има добри страни, кои ќе помогнат на граѓаните кои чекаат да си ги легализираат.
Бројката од 50.000 куќи, станови изградени на диво е според евиденцијата на поголемите општини.
Претседателот, Стево Пенадровски нема да биде задоволен доколку истиот Закон повторно пристигне до него, но сепак ќе мора да го потпише доколку е изгласан од мнозинството на пратеници.
Битката со нелегалните градби е во јакнење на инспекциските служби, но и брзото носење на нови Детални и Генерални урбанистички планови, смета министерот Бочварски.
Професијата градежен инспектор е неатрактивна за инжињерите, поради ниските плати.
Во источниот регион ниту на една рака можат да се избројат градежни инспектори, кои веднаш треба да ги стопираат ваквите објекти.
Урбанистичкиот хаос во Штип може да се види во четири населби, каде што на едно место има мали куќарки, но и куќи на три ката, нестандардни улици, по кои може да помине само запрежна кола како во 19 век, но не и да се разминат два автомобили во 21 век.
Викторија Јованова