Македонија

Собранието и натаму под блокада

Ниту лидерската средба и договорот на Заев и Мицкоски за деблокада на Собранието не им помогна на пратениците да најдат компромис за три важни закони. Законот за нов клинички центар, за служба во АРМ и за наставниците и стручни соработници. Нема најави за излез од блокадата. Партиите не отстапуваат од своите црвени линии и инсистираат на својот предлог.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од илјадниците амандмани кои се поднесени на законите. Бараат и тие да бидат вклучени во процесите со свои сугестии. Нема да дозволат да се донесат решенија кои според нив се полни со недостатоци, и се извор на корупција.

До крајот на месецов собраниската комисија за здравство треба да одржи јавна расправа за изградба на нов клинички центар, на која ќе бидат поканети експерти кои треба да дадат свое мислење. Незивесно е дали и од таа расправа ќе произлезат заклучоци и колку тие ќе се имплементираат.

Јавна расправа неодамна се одржа и за реформите во образованието, но до пратениците се уште не се доставени заклучоците што беше причина опозицијата да ја блокира работата на комисијата за образование.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе