Македонија Најважни

Се засилува ангажманот околу влезот на Македонија во ЕУ

Деновиве се очекува засилен ангажман од португалското претседателство со ЕУ за одржување на првата меѓувладина конференција. Ова го најави вицепремиерот за европски прашања, велејќи дека, овие денови ќе има и средби и оти не смееме да претстанеме да се надеваме дека ќе станеме дел од Унијата.

Димитров не откри детали околу тоа, какви точно решенија предложил Мицотакис за рашавање на проблемот со Бугарија. Рече дека сите земји членки можат да ни помогнат и дека и Грција и Бугарија имаат голем интерес да влеземе во ЕУ.

Германската амбасадорка, пак, денеска  рече дека Германија се` уште се труди, Македонија за брзо време да почне преговори.Правејќи паралела со вакцинацијата и тоа што ЕУ задоцни со доставата на вакцини за балканските земји, а просторот веднаш беше пополнет од други земји, рече дека ова многу лесно може да се случи и доколку набрзо не се почнат преговори.

Денеска и премиерот повторно ќе отпатува во Брисел, на работна вечера со потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, и лидерите на земјите од Западен Балкан.На средбата ќе се разговара за актуелни прашања од регионот во контекст за пристапувањето на земјите во ЕУ.Од Владата велат дека непосредно пред работната вечера, Заев ќе има куса одделна средба со Борел, а утре ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе