Ковид19 Македонија

Предлог да останат во сила постоечките рестриктивни мерки

Иако последните денови има благо опаѓање на бројот на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок донесе предлог да останат во сила веќе постоечките рестриктивни мерки. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 27 случаи со Ковид, од 1.314 тестирања. Почнаа со работа и пунктовите за вакцинација во Струмица и Штип, а продолжи имунизацијата во останатите регионални пунктови. Исто така, на граничниот премин Станке Лисичково – Делчево вчера стартуваше вакцинацијата на пријавените граѓани од пограничниот регион.

Според постоечките рестриктивни мерки, забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот. Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.

Според директорката на ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“, Љубица Митева, завчера во пунктот се доставени 2.500 дози од кинеската „Синофарм“, а вчера од 08:00 часот вакцинацијата тече во најдобар ред. Дневно во регионалниот пункт за вакцинација во Струмица се очекува да се вакцинираат околу 500 граѓани.

Покрај кинеските имаме 396 дози вакцини „Фајзер“, кои се наменети за ревакцинација на лица над 70 години старост, а денес почнаа да се вакцинираат  лицата кои се пријавени до 30 минатиот месец. Пунктот кој досега работеше во просториите на спортска медицина е затворен и сите граѓани кои имаа термин за денес ќе се вакцинираат во регионалниот пункт, посочи Митева.

Додека, во штипскиот регионален пункт од вчера почна имунизацијата на околу 300 лица со хронични болести, на дијализа, трансплатација на црн дроб, бубрег и петмина кои чекаат трансплатација на срце по список  пристигнат од Министерството за здравство.

Во редот за вакцинација се и граѓаните кои имаат добиено порака преку „Мој Термин“, вчера се имунизираа лицата над 68 години од сите општини од источниот регион, на кој им е пристигната смс порака. Според надлежните, вакцини има, вчера се пристигнати 4.000 од кинеската „Синофарм“ и 1.000 од „Фајзер“. Се очекува од утре веќе и да се намали возрасната граница за имунизација на населението од штипскиот регион.

Според извештајот на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови  27 случаја на заболени од Ковид-19. Починаа 19 лица, а оздравени се 192 пациенти. На инфективните одделенија низ болниците во државата и во Скопје се лекуваат вкупно 490 пациенти. Има околу 750 слободни кревети во ковид центрите.

Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на пандемијата изнесува 154 725, на оздравени пациенти е 146.043, а на починати е 5.230. Има вкупно 3.452 активни случаи.

Како што информираа вчера од МВР, поради неносење маска на територијата на државава во претходното деноноќие се казнети 469 граѓани, а 16 го прекршиле полицискиот час.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Филипче со повик до власта заеднички да лобираат против бугарскиот амандман во ЕП

Дејан Дејан

Статистика изброи 751 дивоградба лани – најмногу во Куманово, а во Чаир ниту една

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе