Економија Топ вести

Невладините стравуваат од злоупотреби на новиот Закон за легализација на дивоградбите во Охрид

Новиот Закон за легализација на дивоградбите не го исклучува целосно Охридскиот регион, поради што невладиниот сектор стравува дека може да се злоупотребува делот кој се однесува на светското наследсво  под   заштита на УНЕСКО.  Во членот 4 од Законот   се наведува дека нема да можат да се легализираат оние  бесправно градени објекти  кои ќе бидат негативно  оценети дека ги загрозуваат универзалните вредности во Охридскиот регион, па токму во овој дел стравуваат од можни манипилации.

-Целиот Охридски регион не е иземен од вој Закон, иземени се само заштитените делови на регионот, старото грдско јадро, центарот, чаршијата , Охридското крајбрежје. Доколку го погледнете последниот извештај на УНеско, до неговото заклучување, таму се евидентирани 15 илјади дивоградби и УНЕСКО ова го змета за феновмен, вели Андријана Башовска иницијатива „Глас за спас на Охрид“.

Градоначалникот Констатин Георгиевски, потврдува дека ќе има отстапки, затоа што Регионот под заштита на УНЕСКО се протега на 400 километри и има дивоградби кои го загрозуваат, но и дивоградби кои нема да влијаат негативно на регионот.

-Имаме објект кој е изграден во крајбрежеје, национален парк, извор, таков објект ќе добие стратешка евалуација како опасен. Но ќе имаме објекти кои се на маргините на заштитеното подрачје, во селски и рурални средини, тие не се опасност по животнатас редина и ќе можеме д аим издадеме решение за легализација, вели Георгиевски.

Со пописот   на дивоградби што општината  го  изработи на барање на УНЕСКО, во Охрид по законот од 2011 година  се поднсени   16 илјади барања  за легалзиација на 19 илјади  бесправно градени објекти. Георгиевски вели дека меѓу нив има и доградби, помошни простории, општински и државни објекти кои не биле запишани во катастар.  Сепак, не е мал бројот на дивоградби, иако во нив нема ниту една стандбена зграда или хотел.

Охриѓани веќе не веруваат дека со Закон  може да се спречи нелегалното грдење во Охрид, нешто што се практикува со години и што станало традиција.

-Се е диво направено, не знам што ќе биде. Вака како што системски се поставени работите, тешко дека ќе се реши, треба да си се замилсата убаво, да се види што бара УНЕСКО, велат охриѓани.

И Охридксиот градоначалник Константин Георгиевски, вели дека процесот за решавање на проблемот со дивоградбите  ќе биде долг и тежок, затоа што не се решава преку ноќ нешто што се напластувало со години.

Eмилија Мисирлевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе