Македонија

Димитров: Сите треба да помогнат во решавање на спорот со Бугарија

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска изјави дека овие денови се очекува засилен ангажман од португалското претседателство со ЕУ, со цел одржување на првата меѓувладина конференција.

Има извесни контакти на различни нивоа. Овие денови очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство коешто иако не е блиску до Балканот, има многу добра волја и голема желба да стигнеме до овој заеднички успех и имаат интерес да ја завршат работата што почна германското претседателство. Со оглед на тоа што од таму не се сосема најавени јавно активностите, мислам дека не треба да одам повеќе во детали, меѓутоа треба да знае јавноста дека очекуваме засилен ангажман на португалското претседателство, истакна вицепремиерот.

Димитров најави дека овие денови ќе има и средби и оти не смееме да претстанеме да се надеваме и немаме луксуз да креваме раце.

Точно е дека е предизвик техничката Влада, но потоа има едни избори, кај нас, други избори кај соседите, трети избори во големи земји-членки. Многу е важно да има пробив, многу е важно и за ЕУ да се одржи довербата дека ЕУ е сериозна кога зборува дека ние ќе бидеме дел од Европа, подвлече Димитров.

Во однос на тоа дали Грција може да понуди помош во решавањето на проблемот со Бугарија, Димитров речедека сите земји членки можат да ни помогнат, но најприродна ситуација е кога нашите најголеми поддржувачи ќе бидат токму нашите соседи.

И Грција и Бугарија имаат најголем интерес нашата европска приказна да успее и тие ќе имаат директна добивка на некој начин токму како наши комшии. Со оглед на контекстот и целата сага, генерациите што ги изгубивме мислам дека е важно и Грција да биде една од државите што силно ќе го поддржува почетокот на пристапните преговори со одржување на првата меѓувладина конференција, рече вицепремиерот за европски прашања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Филипче со повик до власта заеднички да лобираат против бугарскиот амандман во ЕП

Дејан Дејан

Статистика изброи 751 дивоградба лани – најмногу во Куманово, а во Чаир ниту една

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе