Македонија Најважни

Висок руски дипломат протеран од Македонија поради недипломатски активности

Македонија прогласи руски дипломат за персона нон-грата и му даде рок од седум дена да ја напушти земјава.

Нотата за протерувањето му била врачена на рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Александровиќ Баздникин, во петокот на 14 мај.

„Во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена“, се наведува во кусото соопштение од МНР.

Прогласувањето за нејзин дипломат за непожелен во земјава за Телма го потврдија и од руската амбасада, со најава за реципрочна мерка од руска страна.

„Руската амбасада потврдува дека еден вработен беше прогласен за персона нон-грата. Во моментов Русија разгледува реципрочи мерки кои следат на овој потег“, наведуваат од амбасадата.

Она што Телма неофицијално го дознава е дека се работи за дипломат од повисок ранг во руската амбасада за кого имало информации дека врши активности кои не соодветствуваат со дипломатски, а кои потоа биле детектирани и регистрирани, по што била донесена одлуката за протерување.

Дека недипломатските дејствија била документирани потврди лично претседателот на државата, стево Пендаровски, кој како што самиот рече, уште пред неколку дена бил инфрмиран за случајот.

„Тоа се секојпат сензитивни работи за објаснување околу причините. Информиран сум од пред неколку дена, се разбира, како и другите надлежни. Од она што го видов, слушнав, беше од надлежните институции документиран, значи не стануваше збор за импровизација. И тоа поради природата на работата не можам понатаму да коментирам“, информираше Пендаровски.

На тоа дека дипломатот има седум дена рок да ја напушти ти земјата, Пендаровски одговори:

„Има рок. Мислам дека рокот е седум дена. Значи притоа се водеше сметка и од човечки аспект, не само да водиме сметка за Дипломатската конвенција, да не биде тоа преку ноќ, тие луѓе имаат и семејства и други интереси. Нехумано е да постапуваме на таков начин“.

Засега нема информации дали дипломатот ја напуштил земјава.

Македонија протера руски дипломат и во 2018 година, но тогаш како солидарност со Велика Британија и во тесна консултација со сојзуниците во НАТО и во ЕУ заради случајот со труењето на Сергеј Скрипал, поточно како причина тогаш беше наведено користење на воено хемиско оружје од странана Русија што е во спротивност на Меѓинародното право и безбедноста на сите земји.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе