Македонија

Бектеши ќе чека резултати од трета лабораторија за вратеното македoнско брашно од Косово

Дел од македонското брашно се уште не може да ја премине косовската граница. Министерот за економија Бектеши ќе ги чека резултатите од трета стандардизирана лабораторија која треба да утврди дали брашното кое изминатиот месец беше вратено ги исполнува условите од косовскиот правилник за да биде извезено на тој пазар. Вели ќе комуницира со надлежните косовски министерства, а ако треба ќе се обрати и до Секретаријатот на ЦЕФТА. Бектеши тврди дека тече извозот на брашно за Косово спорен е само извозот од одредени мелничари.

Мелничарите се надеваат дека министерот ќе го реши проблемот како што ветил, во наредните денови. Тврдат дека брашното ги исполнува критериумите за косовскиот пазар, бидејќи тие го почитуваат правилникот кој пак  е во функција 15 години.

Од Косово за еден месец се вратени 11 камиони со 325 тони македонско брашно. Образложението од косовската страна е дека не ги исполнуваат критериумите за нивото на железо и  фолна киселина.  Косово е еден од најважните пазари за домашните мелничари. Месечно таму  завршуваат над 600 тони македонско брашно. Пред пандемијата таму сме извезле 8.400 тони, а лани поради кризата тој бил преполовен.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе