Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ го достави до претседателот на Собранието предлогот за покренување иницијатива за распишување на референдум, со цел изјаснување на граѓаните околу нацрт законот за дигитализирање на учебниците во основните и средните училиштата. За овој предлог до сега биле собрани околу 600 потписи само на подрачјето на град Скопје, велат од граѓанската иницијатива.
- Во прилог ги доставуваме обрасците со потписи и изјавите на граѓаните. Согласно законот очекуваме во рок од три дена по доставувањето на Предлогот за референдум, а во спротивно ќе сметаме дека предлогот е уреден и согласно уставот и законите ќе пристапиме кон собирање на 10.000 потписи за подршка на иницијативата за распишување на референдумот. 03:16 Доколку не бидеме прифатени и од претседателот на Собранието, ние денес ќе се упатиме и до Владата ќе продолжиме со мирни протести се со цел да го спречиме овој Предлог закон – Драгана Спасевска, иницијатива „ Учебници и настава мора да има“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.