Македонија

Нема смена на државните функции по превирањата во ДОМ

Пратеникот Мирослав Богдановски во Собранието ќе дејствува како независен пратеник, откако вчера беше сменет од потпретседателската позиција во  ДОМ.Тој е еден од пратениците кој во Собранието дојде во скафандер за гласање на петтиот пакет економски мерки.

И понатаму ќе го поддржува владејачкото мнозинство и владата, а нема намера ниту да ја напушти партијата, во која е веќе петнаесетина години. Ја обвинува актуелната претседателка дека се однесува диктаторски.

Вчера беше изгласана недоверба и за Ана Петровска, актуелна директорка на Државниот инспекторат за животна средина. Таа, пак, вели дека само се барало начин да бидат разрешени, затоа што подолго време имале несогласувања.

Морачанин вели дека недовербата е изгласана од Централниот одбор, а не од неа, затоа што подолго време правеле опструкции во партијата..

Во ДОМ има превирања подолго време, но ситуацијата ескалираше со барањето за вонреден конгрес.

Претседателката се согласила Централниот одбор да расправа за барањето, но синоќа, на самата седница, дневниот ред е сменет и првин се разрешени потпретседателите.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе