Косово речиси цел месец спушти рампа за македонското брашно – нашите власти дури утре ќе се информираат во што е проблемот. Мелничарите иако ги известиле надлежните за како што велат вештачката блокада од Косово, министерот за економија дури утре ќе ги прими на средба. Бектеши вели во комуникација се со косовските власти. Но, дали како држава ќе преземеме реципрочни мерки ќе зависело од информациите и од косовската страна.
Во текот на утрешниот ден заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство ќе оствариме состанок со претставници на Мелничко-пекарската индустрија со цел за изнаоѓање на решение. Во зависност од информациите и од косовската страна и од мелничко-пекарската индустрија ќе бидат превземени соодветни мерки.- соопшти министерството за економија.
Министерот за земјоделство пак прв пат слуша дека има таква блокада.
Косово ги враќа камионите со брашно под изговор дека нивото на железо и фолна киселина во него е под пропишаниот правилник кој пак е во сила 15 години.
Пративме анализи на вратеното брашно тука да се испита, чекавме десетина дена да видиме што ќе се случи со нашите аналзи и добивме позитивно од Агенција за храна дека според нашите анализи ги исполнува нивните услови и критериуми. И по основ на тоа реагиравме. Во меѓувреме тие вратија 11 камиона околу 325 тони брашно. Реагиравме до министерство за економија и чекаме се уште состанок, вели Горан Малишиќ, Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при СКСМ
Утре ќе бараат од Бектеши да го реши проблемот со извозот, како и неконтролираниот увоз на брашно со околните држави кои се потписнички на ЦЕФТА. Велат не може само ние како држава да трпиме штети во опкружувањето.
Во случајот е друго. Соите држави се штитат во моментов. Наоѓаат начини разноразни да го штитат своето сопствено производство. Само кај нас ние сме незаштитени. Исто и Албанија се штити на такви начини со разни правилници каде што додаваат енормни некои поквалитетни критериуми за да не можеме да извезуваме брашно. Косово рте тој критериум го има, ајде ние го исполнуваме за да извезуваме. Србија продава цена на брашно такаречено колку цена на пченица. Сите држави наоколу се штитат, само ние сме незаштитени. Кај нас влегува од секаде брашно, сите производи, а сите сме потписнички на ЦЕФТА. Значи критериумите се исти треба да бидат рамноправни нели, вели Малишиќ.
Месечно на косовскиот пазар завршуваат минимум 600 тони македонско брашно. Лани сме извезле 4.400, а во 2019 година 8.400 тони брашно.
Александра Филиповска