Вести Македонија Најважни

За седум дена бројот на заболени од ковид 19 намален за трипати

3.636 активни случаи позитивни на ковид 19 заклучно со вчерашниот ден. Ваква ниска бројка на позитивни на корона вирус во земјава не се памети уште од пред 8 месеци. Последен пат кога е објавена статистика на новозаразени и е најблиску до овој број на активни случаи е  9 -ти октомври кога имало 3671 активен случај.

Огромен надолен пад пак како што беше во изминатава недела никогаш не е забележан. Трикратно се намали бројот на активни за само 7 денови, бидејки минатиот понеделник тој изнесуваше 10 572. Ако се погледнат бројот на направени тестирања тој се движи во рамки на просечните 2 500 на ден, но интересно е тоа што за прв пат процентот на позитивни падна под 10 проценти, па во изминатава недела имаше дури и по околу 2 проценти позитивни од тестираните. Во исто време падот на активни случаи се  должи и на тоа што во неделата која помина се впишани огромен број на оздравени пациенти чиј вкупен број изнесува 7 900. Но за жал остануваат високите бројки на црна статистика, односно на починати како резултат на компликации од ковид 19. 118 луѓе во само една недела ја изгубиле битката со корона вирусот а и понатаму дневните бројќи на починати се двоцифрени и се движат во просек околу 20 во едно денонокие. Вакцинацијата е во полн ек, па според податоциоте од министерството за здравство дневно се вакцинираат по околу 13 илјади граѓани, а до денес се вакцинирани повеќе од 167 илјади граѓани. Паралелно со вакцинирањето расте и интересот па така до сега се пријавени повеќе од 353 илјади граѓани, што значи дека или добиле или чекаат термин на некој од пунктовите.

Нема да има нови препораки од Комисијата за заразни болести поврзани со мерките. Иако состојбата со ковид пандемијата се смирува, сепак остануваат на ставот дека не треба да се олабавуваат мерките.

Од Независната угостиелска комора очекуваа Комисијата да ги разгледа нивните барања, односно повеќе да не се ограничува нивното работно време, да се дозволи жива музика, повеќе лица на маса, но и организирање поголеми прослави според одредени протоколи, но ја немаат поддршката од комисијата. Со намалувањето на бројот на новодијагностицирани, падна и притисокот врз болниците. Речиси сите одделенија кои беа претворени во ковид центри сега се вратени на првичната дејност, освен клиниките и модуларните болници кои се само за ковид пацинети. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се на болничко лекување е 490 и има околу 750 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од министерството за здравство. За сега нема информација колку од здравствените работници го искористиле.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе