Македонија Најважни

Во штипскиот регион почна вакцинацијата на хронично болните и на вработените во приватниот сектор

Почна имунизацијата на работниците во приватниот сектор во штипскиот регион. Први имунизирани се вработени од помали фирми, како и касиерки и вработени од еден супер маркет. Фирмите добиваат одреден термин, на којшто треба да се јават на вакциналниот пункт.

Преку „Мој Термин“ денеска се вакцинираат лицата над 68 години од сите општини од источниот регион и хронично болните. Над 300 лица на дијализа, со трансплатација на бубрег, црн дроб, но и оние петмина кои чекаат трансплатација на срце можат да се имунизираат од денеска, списокот е пристигнат од Министерството за здравство. Штипскиот пункт денеска и утре ќе работи само во прва смена, такви насоки добиле од ресорното министерство и негираат дека причината е недостаток на вакцини.

Се очекува овој регионален пункт да биде растеретен деновиве, со отварањето на пунктот во Струмица. Ревакцинацијата со Фајзер почнува на 19 мај, а пациентите треба да се јават на пунктот во Здравствениот дом, а не во салата Јордан Мијалков

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Филипче со повик до власта заеднички да лобираат против бугарскиот амандман во ЕП

Дејан Дејан

Статистика изброи 751 дивоградба лани – најмногу во Куманово, а во Чаир ниту една

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе