Економија Топ вести

Македонското брашно 25 дена блокирано на косовска страна

Мелничарите од земјава се соочуваат со блокада од косовска страна. Велат дека веќе 25 дена не можат да реализираат извоз зашто Косово им ги враќа камионите со брашно под изговор дека нивото на железо и фолна киселина во него е под пропишаниот правилник.

Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ вели дека за ваквиот проблем веднаш биле известени Министерството за економија и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Мелничарите дури побарале и итна средба со надлежните, но до денеска не добиле никаков одговор. Тој ги обвинува надлежните за немање слух и водење неправилна политика. Мелничката индустрија апелира до Владата, одговорните министерства и државни агенции, веднаш да го решат проблемот со извозот, како и неконкурентниот и неконтролиран увоз на брашно со околните држави кои се потписнички на ЦЕФТА и со соседите кои се членки на ЕУ.

Извозот на македонско брашно на Косово е минимум 600 тони месечно, а изминативе денови биле вратени најмалку 300 тони брашно. Според податоците на Стопанската комора, лани извозот на македонско брашно на Косово на годишно ниво бил 4.400 тони, а во 2019 година изнесувал 8.400 тони.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Деветмина загинати во руски напад врз цивилен автобус во Украина

Дејан Дејан

Средба меѓу Путин и Зеленски е можна само по евентуален договор меѓу делегациите во Истанбул

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе