Сега веќе поранешната заменичка претседател на СДСМ Радмила Шекеринска упати честитки за новите луѓе во раковдството на партијата и особено на нејзината наследничка на партиската функција Сања Лукаревска.
Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат. Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно. Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани, напиша Шекеринска на Фејсбук.