Македонија Најважни

Поддршка за Палестина од скопкиот плоштад – две групи се скараа заради етнички и верски симболи

Верска, национална или единствено поддршка за палестинскиот народ во конфликтот кој одново се распламти меѓу Израел и Газа.  Еден протест, една локација, но две групи поддржувачи со различни гледишта каква порака да се испрати кон светот и меѓународните институции пред новото крвопролевање.

Скопскиот плоштад ги собра демонстрантите но ги раздели содржината на скандирање, како и верските и националните обележја на дел од присутните.

Поддржувачите на „Слободна Палестина“ и „Крај на опсадата“ се одвојија од групата која извикуваше „Алах Акбар“ и „Израел терористи“.

Организаторите на настанот повикаа да запре етничкото чистење во Палестина, откако конфликтот се разгоре а во црниот биланс жртви има и деца. Проблемот меѓу двата народи е стар, но кровопролевањето мора да запре, раскажуваат дел дел од присутните на протестот кои по потекло се од тој регион.

За едната група протестот заврши со испратентие пораки. Другата побројната се упати кон музејот на жртвите од холикаустот. Додека граѓаните бијат битка на социјалните мрежи поврзана со уечсниците во кофликтот, израелскит премиер Бенјманин Нетанјаху на Твитер и се заблагдоари на Македонија за поддршка во борбата против тероризамот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

Бензините поевтинуваат за два денара, дизелот за денар – на полноќ паѓаат цените на горивата

Дејан Дејан

Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе