На обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека не бил спроведен тенден за јавни набавки, за чистење на депонијата во Визбегово, градоначалникот Шилегов со демант. Тој рече дека тендерот бил спроведен и дека ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори, немајќи како да одговори на новите политики на Град Скопје се обидува да креира скандали.
Да им заблагодарам што конечно признаа дека деценискиот проблем на депонијата во Визбегово е решен и таа е исчистена. И второ, како што беше одлуката на Владата и на Министерството за животна средина , тие сретства преку градското претпријатие „Улици и патишта“, како автивност се спроведени на Градот. Инаку треба да го знаете законот , очекувам дека ДПМНЕ го знае , па уште повеќе прави тежина, лажна креација или обид да се направи скандал со јавните финансии , дека ако не објавите јавна набавка или договорот не го објавите на страната во рок од 10 дена од како е склучен, системот ве блокира. И вие едноставно не можете да ја водите институцијата, ниту да спроведувате постапки за јавни набавки, изјави шилегов.