Од утре до крајот на јули, Град Скопје и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, ќе спроведат акција на 6 локации во градот, како што се Градскиот парк, парковите во Ѓорче Петров , Тафталиџе, Чаир и Аеродром, со цел подобрување на здравјето на граѓаните, преку унапредување на физичката состојба.
Вежбите со граѓаните ќе бидат бесплатни, а ќе ги вршат професионални тренери, од понеделник до петок, во попладневните часови. Потребните реквизити за вежбање ќе ги обезбеди Факултетот за физичко образование.