Неколкумина тетовчани, ентузијасти, изработиле Студија за развој на туризмот на Попова Шапка. Еден од авторите, Валентин Тасески, вели дека истата не е поврзана само со техничка потреба, туку поврзана е со љубовта кон планината и познавањата на скијањето, секако надополнето со урбанистичка подлога. Според него сите досегашни студии го третираат Центарот доста ограничено, нивната, пак, носи и огромни придобивки за Тетово.
Тасески вели дека туризмот на Попова Шапка заедно со Тетово може да донесе огромен дополнителен приход како за регионот така и за државата.
Според Тасески државата треба да инвестира во инфрастуктурата и заедно со локалните власти, кои треба да се погрижат за урбанизмот, да се обезбедат услови да инвестира приватниот капитал.
Инаку, за понатамошен развој на ски центарот Попова Шапка требаше да придонесе и одвојувањето на Елем Турс од АД Електрани, за да може да функционир како самостоен субјект во рамките на владата, но ова решение се уште е во фаза на реализација.
Данијела Билбилоска