Одбранбени операции во случај на агресија, регрупирање и преминување во контраофанзива. Содејствот на копнените и воздушните сили со специјалните единици. Ова е сценариото на вежбата „Одлучен удар 21“ која ќе се изведе на армискиот полигон Криволак и стартува во понедленик. Одлучен удар е најголемата воена вежба која ќе се одржи оваа година и во неа учествуваат 1.500 војници, од кои 1.100 се припадници на македонската армија, 300 припадници на американската национална гарда и по дваесет припадници на специјалните едини на Грција и Бугарија. За прв пат во вежба на НАТО ќе учествува вториот пешадиски батаљон на АРМ.
„Одлучен удар21“ се изведува во рамките на досега најголема и најмасовна воена вежба која ја изведува НАТО алијансата „Europe Defender 21“ во која учествуваат 28 илјади војници од 27 држави членки на Алијансата. Вежбовни операции ќе се изведуваат на 30 различни полигони во 12 држави на Балканот, Јужна Европа и Црното Море
Покрај тристате припадници на националната гарда на Флорида во кампот „Стрела“ на Криволак ќе бидат и припадниците на 4 бригада за асистенција стационирана во Германија а тим од 12 асистенти ќе останат и по завршувањето на вежбата на почетокот на идниот месец
А армискиот полигон Криволак претрпе драстична измена во изгледот со голем број на измени и надградби во последните две години и посебно во изминатите неколку месеци. Модернизиран и опремен треба да стеане регионален центар за обука на силите на НАТО.
Новост во оваа воена вежба е што професори од штипскиот универзитет ќе ги мерат и анализираат загадувањата и влијанијата врз околината при изведувањето на вежбите и гаѓањата со боева муниција
Огнен Чанчаревиќ