Секое друго решение освен нов клинички центар, на ново место како гринфилд инвестиција би било парцијално решение,е заклучокот од средбата на министерот Филипче со поранешните министри за здравство Тодоров, Димов и Селмани.
Од опозицијата побарано е да биде конструктивна и да престане со блокада на законот.
Поранешниот министер Никола Тодоров смета дека подобро решение би било новиот клинички да се изгради во рамките на актуелниот.
Проектот веќе е подготвен и може да се распише тендер за изградба на две нови згради.
Тоа би ја чинело државата помалку пари околу 150 до 170 милиони евра, наспроти предлогот за нов клинички надвор од централното подрачје за кој би се потрошиле околу 500 милиони евра.
ВМРО ДПМНЕ не отстапува. За нив понуденото решение е неприфатливо, полно со недостатоци и е извор на корупција.
Законот за нов клинички центар е заглавен во Собранието веќе неколку месеци поради поднесените над 2000 амандмани од ВМРО ДПМНЕ.Бараат да бидат вклучени во изготвувањето на законското решение.
Собраниската комисија за здравство до крајот на месецов ќе одржи и јавана расправа на која ќе бидат поканети експерти кои треба да дадат свое мислење на изградбата на нов клинички центар.
Јулијана Пешевска