Македонија Најважни

Граничниот премин Евзони отворен попладнево

Границата со Грција од попладнево во 13 часот е отворена. Граѓаните коишто сакаат да патуваат ќе можат тоа да го сторат доколку  покажат сертификат за примени две дози од било која вакцина против кодив-19, со негативен пцр тест. Но, пцр тест не е потребен за деца под 5 годишна возраст. Освен тоа, патниците ќе мора да ја пополнат електронската пријава на сајтот Патување Грција. Овој формулар ќе ги содржи информациите од каде и со што патувате, преку кој премин ќе поминете, лични информации како број на пасош и слично.

Претходно, во утринските часови, во меѓупросторот кај преминот Богородица-Евзони се создаде колона од возила претежно македонски и српски кои чекаа, но не успејаа да ја минат границата.

Забуната околу патувањето во Грција настана бидејќи вчера по средбата со грчкиот премиер Мицотакис, премиерот Заев најави дека од денеска се отвораат границите за странски туристи, без да се образложат условите под кои ќе биде возможно патувањето. Границата со Грција е затворена околу 14 месеци, од минатата година, со почетокот на ограничувањата за движење како резултат на пандемијата со Ковид-19.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

Бензините поевтинуваат за два денара, дизелот за денар – на полноќ паѓаат цените на горивата

Дејан Дејан

Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе