Независниот синдикат на судската полиција бара процесот на вакцинација за вработените во судството, кој веќе е во тек, да се спроведува по степен на ризик од заразување, а не по функција. Судските полицајци велат дека во судовите тие се најмногу изложени на опасност од КОВИД-19, затоа што ги контролираат влезовите и се во директрен контакт со странките, но приритет имаат судиите.
-Прашањето е дали треба да се вакцинираат ризичните групи или треба да се вакцинира по функција? Дали функционерите без оглед на тоа што имаат помал ризик се поважни од судските полицајци или други вработени, кои имаат најмногу контакти со странски и кои што се најмногу изложени на заразата од КОВИД-19, вели Владимир Литовски, претседател на Независниот синдикат на судската полиција.
Досега со вакцинацијата на критичната државна инфраструктура беше опфатен дел од редовната полиција, но, не и остантите припадници на полицијатa. Од независниот синдикат на судската полиција испратиле барање до надлежните да бидат ставени на приоритетните листи за вакцинација, но одговор не добиле
-Испратен е допис до Министерството за здравство дека во ризчна група е судската полиција, како и до Министерството за правда. Направени се списоци во судовите за сите вработени кои сакаат да се вакцинираат, но досега од судска полиција нема вакцинирани припадници во цела Македонија, вели Литовски.
Од Министерството за здравство за Телма велат дека „вакцинацијата на вработените во институции од критична инфраструктура ќе се ажурира согласно динамиката на пристигнување на вакцините во земјата. Припадниците на судската полиција, исто така, ќе се вакцинираат“, се наведува во одгoворот, без да се прецизира дали тие ќе добијат приоритет, пред останатите вработени во судството.
Емилија Мисирлиевска