Единственото државно претпријатие на истокот покажува загуба од околу половина милион евра, стои во финанасискиот извештај објавен на веб страницата на Хидросистемот „Злетовица“.
Причината за загубата е амортизацијата на опремата. Најсовремениот систем за водоснабдување во земјава и понатаму со вода за пиење опслужува две, наместо пет општини. Жителите на Карбинци чекаат да се изгради цевковод од новата филтер станица, а во Лозово во тек е тендерската постапка, најблиску до водата за пиење од овој систем е Штип.
Во 2019 година од државниот буџет предвиде дополнителни 6,5 милиони евра за да овој систем биде рентабилен. Во него се инвестирани сто милиони евра, средства обезбедени преку кредит од Јапонија. Засега целосно не е готова првата фаза за водоснабдување, а за втората наводнување на 3.500 хектари во тек се преговори со Европската инвестицска банка.
Кредитот од правта фаза го плаќа државата, но од 2028 година ова државно јавно претпријатие ќе треба да ги сервисира своите обврски кон државата, во буџетот треба да се вратат 81,5 милиони евра.
Викторија Јованова