Премиерот Зоран Заев побара помош од Грција за решавање на македонско-бугарскиот спор. Заев, кој учествува на Економскиот форум Делфи, што се одржува во Атина, рече дека верува дека спорот со Бугарија може да се реши и да се одблокираат македонските евро-интеграции.
Верувам дека има решение, бидејќи треба да се придвижима само еден чекор понапред, а тоа меѓувладина конференција. Минатата година на 20. март постигнавме едногласна одлука со консензус со сите 27 земји – членки, со 100% продолжување со реформите, ние сме подготвени да започнеме со преговорите. И сега ние треба да ја организираме првата меѓувладина конференција, после тоа е скринин процесот, па првото поглавје, па 35-тото поглавје. Бугарија има трипати по 35 можности за да не блокира. Но навистина ние сакаме да имаме соработка со соседите. Ние сме мала земја опружена со пријатели и сакаме да имаме соработка со сите. Нема суштински проблем ќе најдеме решение, потребна ни е помош од Грција, како наш стратешки партнер, Грција е многу силна, тука е премиерот Мицотакис, министерот Дендијас, тие се лидери во процесот на европска интеграција на Западен Балкан, изјави премиерот Заев за грчките медиуми.
Во овие моменти премиерот Заев, во Атина, се среќава со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.
Мицотакис ќе го прими Заев во неговиот кабинет, во премиерската палата, на маргините на Економскиот форум Делфи што се одржува во Атина.